X
 18.11.2023 Наука

Археолозите откриле изгубен таен јазик стар 3.000 години

Во Турција бил откриен таен текст помеѓу илјадници стари глинени плочи кои биле напишани во времето на Хетската Империја, во вториот милениум пр.н.е. Никој не знае што вели текстот, но се чини дека е напишан на одамна изгубен јазик, од пред повеќе од 3.000 години.

Експертите велат дека мистериозниот јазик се разликува од кој било друг антички пишан јазик пронајден на Блискиот Исток, иако се чини дека споделува корени со другите анадолско-индоевропски јазици. Речениците започнуваат на крајот од култен ритуален текст напишан на хетски – најстариот познат индоевропски јазик – по воведот што во суштина значи: „Отсега, па натаму читајте на јазикот на земјата Калашма“.

Калашма било организирано општество од бронзената доба, кое веројатно се наоѓало на северозападниот крај на многу поголемата Хетска Империја во античка Анадолија - на одредено растојание од главниот град Хатуса, каде што подоцна биле откопани овие глинени плочи.

Плочата на која бил напишан текстот била подобро зачувана во споредба до над 25.000 други плочи кои биле најдени на локацијата. Поголемиот дел од плочите имале текст на хетски јазик, но на некои од нив има реченици на други јазици.

Се чини дека плочите потекнуваат од различни етнички групи кои некогаш живееле за време на Хетската Империја. Не е чудно што бил откриен сосема различен јазик бидејќи Хетите сакале да ги забележуваат ритуалите на странски јазици и славеле илјадници богови и божици.

Во моментов не се достапни фотографии од новооткриената плоча со мистериозниот јазик бидејќи експертите се обидуваат да го преведат.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука