X
 19.04.2023 Живот

ФЕИТ го организира натпреварот за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2023“

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2023, кој ќе се одржи по единаесетти пат во периодот од 8 до 13 мај.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во тимови, да ги употребат своите знаења и вештини, да ги надградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Категориите во кои може да се натпреваруваат учесниците се: RoboArm Challenge, ChatBot Challenge, Colour Coded Challenge, Self Racing Cars, AI Agents. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од области од нивен интерес.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 13.5.2023 г.

За дополнителни информации за категориите, посетете ја официјалната страница и инстаграм-профилот на robomac.mk.

RoboMac е организиран од Студентскиот огранок на УКИМ при Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот