X
 19.10.2015 Култура

Започнува второто издание на натпреварот за најдобра хорор фотографија "Sinister Days"



Започна второто издание на натпреварот за хорор уметнички дела „Sinister Days“ во организација на фото-блогот Revoshot. Но, за разлика од минатата година кога натпреварот беше отворен за сите уметници, годинава учество можат да земат само фотографи.

Поканети да учествуваат се сите фотографи. Своите хорор фотографии можат да ги испратат на http://www.revoshot.com/sinisterdays2015 од 19.10.2015 до 31.10.2015. Не е ограничен бројот на фотки што еден фотограф може да ги испрати.

Жирито составено од Ерина и Јане (уредниците на Revoshot) и Гоце Велески (https://www.behance.net/GoceVeleski) ќе избере три фотографии чиишто автори ќе бидат наградени со: торба за фотоапарат за првото место, сет од ND Cookin P филтри за второто место и креативна врвка за фотоапарат за третото место. Покрај тоа, жирито има подготвено и неколку мали изненадувања за победниците.

Повеќе детали околу натпреварот, како и инспирација, можете да најдете на http://www.revoshot.com/sinisterdays/vtoroizdanie.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура