X
 19.04.2023 Живот

Најскапите и најевтините дестинации за одмор во светот

Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство... Така, едно од главните прашања е каде треба да се оди според сопствениот буџет?
„Травелерс еликсир“ (Traveller's Elixir) ги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на знаменитостите. Најевтиното место за пет ноќевања е областа Делхи вo Индија. Престојот тука чини 165 евра, а просечната хотелска соба со три ѕвезди чини само 17 евра од ноќ.
Од друга страна, најскапа дестинација е Кнежеството Монако, каде што петдневното патување чини во просек 2.051 евро.

Најевтините туристички дестинации:

Делхи, Индија - 165 евра за петдневен престој,
Пном Пен, Камбоџа - 203 евра,
Катманду, Непал - 207 евра,
Тбилиси, Грузија - 226 евра,
Меделин, Колумбија - 231 евро,
Хо Ши Мин Сити, Виетнам - 235 евра,
Чианг Маи, Тајланд - 260 евра,
Каиро, Египет - 262 евра,
Луанг Прабанг, Лаос - 264 евра,
Бангкок, Тајланд - 264 евра.

Кога станува збор за најскапите места, францускиот прекуокеански остров Сен Барт е на второто место. Оваа дестинација на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и одлични места за одмор. Гштад во Швајцарија е трет на списокот. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти.

Најскапите туристички дестинации:
Монако - 2.050 евра за петдневно патување,
Сен Барт, Франција - 1.976 евра,
Гштад, Швајцарија - 1.870 евра,
Рејкјавик, Исланд - 1.739 евра,
Бора Бора, Француска Полинезија - 1.738 евра,
Хонолулу, Хаваи - 1.735 евра,
Сан Франциско, САД - 1.708 евра,
Њујорк, САД - 1.612 евра,
Гранд Кајман, од британските прекуокеански Кајмански Острови - 1.480 евра,
Венеција, Италија - 1.402 евра за петдневен одмор.
Бора е петта најскапа, со просечна цена од 1.738 евра за пет дена престој. Ако пак, сакате бунгалов над вода со пет ѕвезди - тоа чини минимум 900 евра за ноќ. Венеција, Италија, го заокружува топ-10 списокот.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот