X
 19.09.2023 Наука

Што би се случило доколку останете без костим во вселената?

Дали некогаш сте помислиле што би ви се случило доколку бидете оставени во вселената без вселенски костим? Очигледно луѓето немаат никакви шанси да преживеат во такви услови.

Каналот „ДГ Ај сајенс“ на „Јутјуб“ објави симулација која објаснува што би му се случило на човечкото тело доколку се најде во вселената без вселенски костим.

Веројатно нема да експлодирате, но гасовите во телото ќе ги полнат белите дробови, а за неколку секунди водата во крвта ќе почне „да врие“. Телото потоа почнува да се дува како балон, а смртта ќе настане за околу 30 секунди од излегувањето во вселената без костим.

Погледнете ја симулацијата во видеото во продолжение.


Извор: Unilad
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука