X
 19.12.2018 Наука

Најстарата пирамида е скриена во индонезиска планина?

Кога холандските доселеници станале првите Европејци што ја откриле Гунунг Паданг на почетокот на 20 век, тие сигурно биле вџашени од големината на античките камени опкружувања.

Расфрлани низ голем врв во провинцијата Западна Јава во Индонезија, таму лежат остатоците од масивен комплекс од карпести структури и споменици - археолошко чудо кое оттогаш се опишува како најголемата мегалитска локација во цела Југоисточна Азија.

Но тие луѓе не можеле да си претпостават какво чудо може да е закопано длабоко под нивните нозе.

Во едно ново контроверзно истражување индонезиски научници претставуваат податоци со кои сакаат да докажат дека Гунунг Паданг е локацијата на најстарата пирамидална структура во светот.

Нивното истражување траело неколку години. Тие сугерираат дека Гунунг Паданг не е врвот кој мислиме дека е, туку серија слоеви на антички структури со основи кои датираат од пред околу десет илјади години, а можеби и повеќе.

Користејќи комбинација на методи за набљудување, тимот посочува дека Гунунг Паданг не е само вештачка структура, туку и серија од неколку слоеви изградени во тек на последователни праисториски периоди.

Според истражувачите, прелиминарните заклучоци од радиојаглеродно датирање сугерираат дека првиот слој може да е стар околу 3.500 години, вториот околу 8.000 години, а третиот од 9.500 до 28.000 години.

Доколку тврдењата за структурата се покажат како вистинити, тоа ќе биде големо откритие кое ќе ги предизвика претходните мислења за тоа што биле способни да направат праисториските општества.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука