X
 20.02.2024 Живот

Дури 38 отсто од граѓаните на ЕУ не патувале во 2022 година

Граѓаните на Европската Унија, пред сѐ, на возраст над 65 години, но и оние меѓу 15 и 25 години, во 2022 година не отишле на ниту едно туристичко патување.

Истражувањето на „Евростат“ покажа дека 38 отсто од граѓаните на ЕУ на возраст над 15 години не отишле на патување со најмалку едно ноќевање надвор од дома од лични причини.

Најголем дел од лицата што не заминале на туристички патувања во 2022 година е забележан во возрасната категорија над 65 години, бидејќи 55 отсто од луѓето од оваа група не учествувале во туризмот.

Спротивно на тоа, во 2022 година 71 отсто од граѓаните на Европската Унија на возраст од 25 до 34 години отишле на туристичко патување.

Постарите лица над 65 години претпочитаат да патуваат надвор од главната сезона, односно од март до јуни и од септември до ноември, во просек поминуваат по 6,3 ноќевања, а 70 отсто од нив патуваат во својата земја.

Граѓаните на повозрасна возраст, 41 отсто од нив, најчесто ги посочуваат здравствените проблеми како причина поради која не одат на туристички патувања, а 34 отсто изјавиле дека немаат мотив за патување.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот