X
 20.08.2019 Живот

Земјоделец ја спасува џунглата така што си направи градина во неа

- Мојот сон е да создадам одржлива градина, тоа е мојата работа.

Александар Ретана е земјоделец кој има поинаков вид градина. Неговата градина, на која одгледува околу 22 различни култури, од банани до какао, се наоѓа меѓу дрвјата на дождовната шума во Костарика.

Ова била голема промена во споредба со пред неколку години, кога областа била отворено поле со ориз. Првично Ретана засадил неколку дрвја за да има сенка и да може да се скрие од топлината. Но, работите набрзо се прошириле бидејќи тој засадил повеќе дрвја, до моментот кога сфатил дека всушност создал нов екосистем.

Пристапот, познат како агро-шумарство, ги спојува традиционалното земјоделство и одгледувањето дрвја - овозможувајќи им на земјоделските култури и шумата да растат заедно.

Дрвјата не само што му даваат сенка на Ретана туку и им помагаат на другите растенија да живеат подобро, објаснува тој. Враќањето на џунглата ги зголемува врнежите и помага да се задржи поголема влага во почвата, додека дивиот свет помага во контролата на штетниците.

- Треба да имаме култури и дрвја што ќе живеат заедно во екосистемот. Агро-шумарството може да постои насекаде во тропскиот екосистем низ светот. Ова е едно од решенијата за зачувување на шумата - вели Ретана.

.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот