X
 20.09.2020 Живот

Летот на инсектите прикажан во екстремно забавено видео

Летото е полно со инсекти - навечер молците лебдат околу светилките, додека светулките светнуваат веднаш штом падне мрак. Иако сите сме ги виделе овие суштества, со оглед на тоа што се чести гости во нашите дворови, овие фасцинантни видеоснимки ќе ви покажат како тие летаат.

Д-р Адријан Смит, истражувачки биолог од Северна Каролина, успеа да фати голем број инсекти во екстремно забавена снимка. Резултатот е балет на бубачки со неочекувана грациозност и убавина.

Д-р Смит успеал да ја направи снимката поставувајќи црна светлина во неговиот подрум. Потоа ги снимил инсектите со 3.200 рамки во секунда. Црната светлина привлекува и ретки муви. Погледнете го видеото подолу, ќе ве воодушеви.



Извор: Mymodernmet.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот