X
 21.01.2021 Живот

Словаците на работа ќе можат да одат само со негативен ковид-тест

На Словаците нема да им биде дозволено да одат на работа или да патуваат на село, ако не покажат негативен тест за Ковид-19. Правилото стапува на сила наредната недела, со тоа што Братислава се надева дека ќе го зголеми тестирањето дотогаш.

Од наредната среда, 27 јануари, Словаците кои не успеале да се тестираат и да докажат дека не се позитивни, ќе бидат затворени во нивните домови. Рутинските работи како што се патување до работното место, одење до пошта или патување во село (за оние на возраст од 15-65 години) ќе биде забрането. Посетите на лекар, купувањето намирници се неколкуте исклучоци.

Но, доколку новововедените правила не се ефикасни, тогаш луѓето кои живеат во една од 37-те области со поголема стапка на инфекции ќе треба да поминат уште еден круг на тестирање. Тие ќе бидат изземени од полицискиот час што ќе трае од 3 до 7 февруари, само ако нивниот тест двапати е негативен. Оние што живеат во преостанатите 36 области, нема да мора да ја повторат постапката.

Словачка, земја со околу 5,4 милиони жители, живее под огромна блокада од почетокот на јануари. Како дел од ограничувањта се и забраните на посети на луѓе од различни домаќинства, забранети се јавни црковни служби, а рестораните можат да служат само храна за носење.

Моменталното заклучување треба да заврши на 7 февруари. Сепак, владата не исклучи порано релаксирање на мерките ако бројот на хоспитализации се намали под 2.500. Во моментов, има околу 3.000 хоспитализирани луѓе.

Извор: Rt.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот