X
 21.04.2022 Живот

Киро Урдин одликуван со орденот „Витез во редот на уметноста и книжевноста“

На свеченоста во француската резиденција во Скопје, во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи, македонскиот уметник со светско реноме Киро Урдин беше одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“. Орденот му го врачи амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, како признание за неговиот придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.

Бомгартнер се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат, од почетоците кога како несуден адвокат со завршен правен факултет на Универзитетот во Белград заминува за Париз во 70-тите години, преку работата во најразлични простори на сите пет континенти, сѐ до денешни дни, стекнувајќи меѓународен углед.

- Имам две младости. Една која ја поминав во Македонија, каде што се родив, и мојата втора младост во Париз. Мојот уметнички живот почна во Париз, а она што ме фасцинира и она што научив најмногу е од културата на обичниот француски човек, кој има една длабока традиција во сликарството, но и во филозофијата и литературата - порача Урдин.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот