X
 21.06.2021 Култура

Од Доналд Трамп до коронавирусот: Што сѐ предвидоа „Симпсонови“?

„Симпсонови“ многупати ја „предвидоа“ иднината. Некои предвидувања се прилично неверојатни, како Камала Харис во виолетовиот костим или заразувањето на Том Хенкс со коронавирусот.

Веднаш откако актерот откри дека е заразен со коронавирусот, на интернет започна да се шири и информацијата дека славниот актер во една епизода од „Симпсонови“ од 2007 година, исто така, бил во изолација.


Во 2008 година, во епизода од серијата е прикажано како Хомер на изборите гласа за Обама, но неговиот глас автоматски се менува за Мит Ромни. Четири години подоцна, истото се случило во Пенсилванија, каде што морала да биде отстранета неисправна машина поради промена на гласовите на повеќе гласачи во гласови за Мит Ромни.


Во „Симпсонови“ бил прикажан лик како носи часовник што може да се користи како телефон уште во 1995 година, а ваквите часовници се појавија две децении подоцна.

Во „Симпсонови“ била прикажана и необична риба со три очи во епизода за масовно загадување, а таква слична риба била пронајдена подоцна во Аргентина во близина на нуклеарна електрана.


Во 2000 година, 16 години пред вистинскиот настан, „Симпсонови“ го предвидоа кандидирањето за претседател на Доналд Трамп, а предвидоа и дека ќе победи.


Тие ги предвидоа и епидемијата на ебола и настапот на Лејди Гага на „Супербоул“. Во епизода прикажана неколку месеци пред настанот на 11 септември 2001 во Њујорк, семејството доаѓа во градот, а во епизодата имало многу сличности со терористичкиот напад на кулите-близначки.

Во една од последните епизоди на „Игра на троновите“, змеј ја уништува кралската престолнина, а во епизода од „Симпсонови“ од 2017, семејството гледа како змеј го уништува нивното место.


Конечно, 17 години пред појавувањето на еболата, во епизода од серијата се покажува книга со наслов „Љубопитниот Џорџ и вирусот ебола“.


Извор: DDL

Фото: Youtube screenshot

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура