X
 21.08.2023 Живот

Зошто на некои лекари им се отстранува слепото црево пред да одат на Антарктикот?

Ако одите во станиците на Австралиски Антарктик за таму да минете долга, студена и изолирана зима, има многу нешта за кои треба да се погрижите пред да тргнете. А ако сте лекар, листата може да вклучува и нешто плус, или минус - слепо црево. Отстранувањето на слепото црево е задолжително за сите лекари кои зимуваат во тие станици бидејќи штом ќе дојде студената зима, многу, многу е тешко да заминете оттаму.

Сите други може да го задржат малиот орган, но лекарите треба да го извадат.

-Тоа е затоа што назима обично има само еден лекар во станица. Евакуацијата во медицинските центри во Австралија е невозможна најмалку во тој период од годината - стои во објава на страницата на програмата на Австралиски Антарктик.

Воспалението на слепото црево обично не е смртоносно, но е многу често. И кога ќе се случи може да биде тешко, невообичаено и да се влоши во рок од неколку часа. Потребна е хируршка интервенција пред слепото црево да пукне и да предизвика сериозна инфекција која би се развила во потенцијално фатален перитонитис.

За повеќето учесници во експедициите на Антарктикот лекар може да помогне во случај на воспаление на слепото црево, но ако е погоден самиот лекар, нештата може да бидат многу покомплицирани.

Сигурно се прашувате кои се шансите да се случи тоа. Доволно големи што досега се случило двапати.

Првиот случај е од јули 1950 година, кога лекарот Серж Удовикоф на островот Херд размислувал сам да се оперира, но бил евакуиран по сложена операција.

По овој случај била воведена апендектомијата. Но, другите нации не го следеле примерот, па во април 1961 година Леонид Рогозов, кој бил стациониран во Новолазаревскаја, немал толку среќа со спасувањето. Тој си дијагностицирал воспаление на слепото црево на 29 април. Другите станици биле доволно блиску за да понудат помош, но ниедна немала авион, а на 30 април Леонид почнал да препознава знаци на притонитис. Со оглед на тоа што тој бил единствениот медицински персонал во станицата, немал избор освен сам да си изврши апендектомија. Тој ја извршил операцијата со помош на двајца асистенти, локална анестезија и огледало.

-Често беше неопходно да ја кревам главата за да се чувствувам подобро, а понекогаш морав да работам целосно според чувство. Генералната слабост стана тешка по 30-40 минути и се разви вртоглавица, па тие кратки паузи беа неопходни. Операцијата заврши на полноќ на 30 април - изјавил лекарот во 1962 година.

Рогозов имал среќа и живеел сѐ до 2000 година.

Извор: Science Alert
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот