X
 21.09.2021 Живот

Оваа земја бара ковид-пропусници за влез во тоалетите на баровите

Иако гостите во холандските барови не се обврзани да покажуваат ковид-пропусница за пиење и јадење на терасите, сепак, ќе мора да имаат пропусница ако сакаат да одат во тоалет, објави холандското Министерство за здравство.

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања, вклучително и физичката дистанца, но најавија ковид-пропусници за барови, ресторани и фестивали.

- Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете вашиот код - велат од Министерството, потсетувајќи дека QR-кодот со кој се потврдува дека некое лице е вакцинирано е задолжителен за граѓаните над 13 години.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна рече дека не е добра идеја да се направи исклучок за гостите што седат на терасите на кафулињата бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да ја платат сметката или да одат во тоалет.

- Владата сакаше ковид-пропусниците да бидат присутни насекаде во хотелската индустрија - вели Ринске Виман, портпаролка на холандското Министерство за здравство, додавајќи дека тоа не треба да им пречи на луѓето што сакаат повеќе слобода.

Сепак, таа слобода не може да биде без некои ограничувања - вели таа.

Извор: Livemint.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот