X
 21.11.2019 Забава

Зошто да се избере полесен факултет?

Патник во балон на воздух изгубил ориентација. Го спуштил балонот пониско и здогледал една жена. Се спуштил уште пониско и ја повикал жената:

„Извинете, дали можете да ми помогнете? На еден пријател му ветив дека ќе се најдам со него, но не знам каде се наоѓам“.

Жената му одговорила:

„Се наоѓате во балон, на приближно 10 метри од земјата, 49 степени, 28 минути и 11 секунди ширина, и 8 степени, 28 минути и 58 секунди должина“.

„Вие сте сигурно инженер“, ѝ се обратил човекот на жената.

„Да, сум“, одговорила жената. „Но како знаете?“

„Па сè што ми кажавте технички е точно да, меѓутоа, јас немам поим како би ми помогнале тие информации, а факт е дека сè уште не знам каде сум. Отворено да кажеме, не ми бевте баш од голема помош, само ми потрошивте скапоцен дел од моето време...“

На тоа жената му одговори: „А вие сигурно работите во менаџмент!“

„Да! Како го знаете тоа“, ја прашал човекот.

„Па... ниту знаете каде сте, ниту пак каде одите... Стигнавте на висока позиција пред сè со помош на туркање. Сте му ветиле на вашиот пријател, а немате поим како ќе го одржите ветувањето и очекувате луѓето под вас да го решат вашиот проблем. Факт е дека сега сте во истата изгубена позиција како и пред нашата средба, но сега некако испаѓа дека јас сум виновна за тоа!“ 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава