X
 22.03.2019 Живот

Виртуозот Стефан Миленковиќ ги посети лицата со попреченост што работат во ресторанот „Амбрела“

Српскиот виртуоз на виолина - Стефан Миленковиќ денеска ги посети лицата со попреченост во ресторанот „Амбрела“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Насмеан, се фотографираше со персоналот. Неговата посета е во рамките на кревањето на свеста на јавноста за лицата со попреченост и нивното вклучување во секојдневните аспекти од животот. Во ресторанот „Амбрела“ од пред неколку месеци работат лица со попреченост.

Во рамките на овие активности денеска попладне, во 18 часот, ќе се одржи поетска вечер и кафе-муабет со Ана Бунтеска.
- Ќе видиме колку малку ни е потребно за да бидеме среќни. Ана Бунтеска ќе ви ја разгали и стопли душата со нејзината поезија. Дојдете сите заедно за да одговориме на прашањето каде ги ставаме оковите на сопствената среќа? И зошто? – велат организаторите.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот