X
 22.04.2021 Живот

Оваа европска држава ќе ви плати за да ја посетите

Повеќе од една година, многу луѓе си замислуваат како седат на некоја плажа. Сега, како што земјите постепено се отвораат, една европска земја нуди многу повеќе: медитерански плажи, средновековни тврдини, традиционални села и туристи на кои ќе им биде платен одморот.

Откако Грција се отвори за меѓународните патници на 19 април, следејќи ги стапките на Исланд, кој се отвори на 18 март, и откако Франција објави дека се надева дека ќе се отвори во мај, и Малта наскоро ќе биде отворена за туристите.

Министерот за туризам на Малта, Клејтон Бартоло, најави дека ќе им плати на меѓународните туристи до 200 евра доколку останат повеќе од две ноќи.

Договорот е направен со цел да се охрабрат луѓето да го посетат островот, каде што 27 отсто од приходите доаѓаат токму од туризмот.

Оној што ќе престојува во хотел со четири ѕвезди ќе добие 150 евра, оној што ќе престојува во хотел со три ѕвезди 100 евра, а оние што патуваат до Гозо, остров до Малта, ќе добијат 10 отсто повеќе.

Бартоло вели дека шемата има цел да ги постави хотелите на Малта во конкурентна позиција, бидејќи меѓународниот туризам наскоро ќе започне. Иницијативата делумно ја плаќаат хотелите, а делумно владата.

malta
Фото: Freepik

Шемата е за независни патници, оние што не резервираат преку туристичка агенција или компанија и владата се надева дека ќе привлече до 35.000 туристи.

Малта е уверена дека шемата ќе функционира затоа што земјата има добри резултати во однос на ковид-19 - има голем број вакцинирани, односно 42 отсто од нејзините жители се вакцинирани со една доза.

Земјата планира да се отвори на 1 јуни за секој што може да докаже дека бил целосно вакциниран десет дена пред пристигнувањето.

Извор: Forbes.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот