X
 22.05.2020 Живот

Данска ќе создаде два огромни „енергетски острови“

Данска планира да изгради два „енергетски острови“ со вкупна моќност од 4 гигавати на оф-шор капацитет на ветер, во рамките на плановите да ги намали емисиите за 70 отсто од нивото во 90-тите до 2030 година и да стане зелен извозник на енергија.

Во средата, данската Влада објави предлог составен од шест столба за исполнување на законски обврзувачката цел - една од најамбициозните во светот - шест месеци откако беше усвоен од парламентот, како дел од новиот закон за климата. Исто така, Данска се обврза да стане неутрално јаглеродна до 2050 година.

Владата соопшти дека предлогот, кој е предмет на одобрување од парламентот, отвори нова ера во проширувањето на оф-шорот ветерници и создавање на енергетски острови.

Двата острови планирани од Данска ќе имаат капацитет од најмалку 2 гигавати, повеќе од двојно зголемување на тековниот офшор ветерен капацитет на земјата.

- Данска мора да биде зелена пионерска земја, и токму затоа имаме високите климатски амбиции, дури и ако сме среде историска криза - изјави данскиот министер за клима, Дан Јиргенсен, осврнувајќи се на тековната пандемија на коронавирус.


- Претставуваме пакет што обезбедува и краткорочно намалување на СО2 и го отвора патот за климатски неутрална Данска во иднина - додаде тој.

ветерници
Фото: Pixabay

Се очекува островите да произведат повеќе електрична енергија отколку годишната потрошувачка на данските домаќинства, а владата се надева дека ќе ја извезува својата зелена енергија во соседните европски земји.

Еден од офшор енергетските центри ќе биде изграден на вештачки остров во Северното Море и може да биде поврзан со Холандија. Долгорочно, капацитетот на островот би можел да се прошири на 10 гигавати.

Вториот центар ќе биде на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море, со потенцијално поврзување со Полска. Данска рече дека ќе отвори дијалог за поврзување на островите со двете земји.

Долгорочно, вишокот електрична енергија произведена од островите може да се претвори во зелен водород и да се преработува во горива за авиони, камиони, бродови и греење.

Брајан Вад Матиесен, професор по енергетско планирање на Универзитетот Алборг, изјави дека е оптимист за предлогот.

- Сега е време да се почне со воспоставување на енергетски острови што во иднина можат да се зголемат - изјави тој, додавајќи дека неговото истражување посочило дека двата острови би можеле да се прошират на 4-5 гигавати на офшор капацитет во наредните пет до седум години.

Сепак, проширувањето на капацитетот понатаму може да стане технички предизвик и ќе бара голема количина електрична енергиа за транспорт на енергијата, вели професорот. Претворањето на енергијата во водород на лице место може да се истражува како опција.


- Нема да биде лесно да се пренесе таа енергија во главните центри кои бараат енергија. Тоа ќе бара европска соработка - вели тој.

Планот вклучува финансирање за истражување и развој, вклучувајќи и 58 милиони долари годишно за технологии за фаќање и складирање на јаглеродот и понатамошни инвестиции во биогас.

Планот е во првата фаза на пошироката стратегија, Данска да се ослободи од фосилните горива. Плановите за декарбонизација на земјоделството и транспортот се очекуваат подоцна оваа година.


Извор: Сlimatechangenews.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот