X
 22.07.2021 Забава

Одмазда поради неверство - 49 пати поминала на црвено со автомобилот на поранешното момче

Кинеските медиуми известуваат за бизарен случај на одмазда на девојка која поминала на црвено светло 49 пати со автомобилот на своето поранешно момче, затоа што момчето ја оставило поради друга девојка.

За да биде случајот уште побизарен, соучесник во оваа луда одмазда бил човек кој бил заљубен во девојката.

Девојката намерно поминала 49 пати на црвено на семафор со автомобилот на нејзиното момче само за да ги зголеми казните откако момчето ја оставило за друга.

Како што се наведува во извештајот, полицијата во кинеската провинција Зиџианг открила дека автомобил „ауди“ крши многу сообраќајни прописи. Но, истрагата утврдила дека автомобилот го управувала поранешната девојка на сопственикот идентификувана како Лу.

Таа наводно убедила друг маж, чие име е Чен, да го изнајми автомобилот на нејзиното поранешно момче преку апликација за изнајмување автомобили. Потоа Чен му го дал автомобилот на мажот, кој заедно со Лу 49 пати поминал на црвено, кршејќи многу сообраќајни правила со јасна намера да му направи проблеми со законот на нејзиното поранешно момче.

Полицијата го забележала нетипичното однесување на возачот на „ауди“ и спровела обемна истрага, па открила дека автомобилот бил изнајмен.

Откако полицијата го нашла Зу и му ги покажала сообраќајни прекршоци, Зу ѝ кажал на полицијата дека изнајмил автомобил на барање на неговата пријателка Лу, која возела додека биле правени прекршоците.

Случајот станал уште побизарен кога било откриено дека Зу одлучил да ѝ помогне на Лу да му се одмазди на поранешното момче затоа што бил заљубен во неа и долго време ја прогонувал. Кога му се обратила за помош, тој ѝ рекол дека ќе ѝ помогне под услов да излезе на состанок со него.

Извор: Insider.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава