X
 22.10.2023 Забава

Ова се најпосетените концерти на територијата на поранешна Југославија

Живееме во период кога единствено турбофолк-пејачите успеваат да ги наполнат најголемите арени на Балканот, што е навистина дискутабилно.

Но, порано ситуацијата беше сосема поинаква, па во продолжение ви претставуваме рекорди кога се во прашање концертите на нашите простори, исполнети арени и број на посетители.

Здравко Чолиќ е убедливо рекордер по бројот на исполнети арени, па во 2019 година шест пати настапуваше за својата публика во најголемиот објект во српската престолнина и регионот.

И додека рекордот во Европа го држи италијанскиот пејач Васко Роси со неверојатни 225.000 посетители на концертот одржан во Модена во 2017 година, југословенскиот рок-бенд „Бијело дугме“ се наоѓа на завидното второ место со 220.000 посетители на концертот на „Хиподром“ во 2005 година, со што оваа група ја испиша историјата на југословенскиот рок и покажа дека нејзината музика се спротивставува на промените во трендовите на музичката сцена.

Следните шест позиции ги заземаат јапонскиот бенд „Глеј“, британскиот пејач Пол Мекартни, познатата пејачка Тина Тарнер, американскиот пејач Френк Синатра, италијанскиот кантавтор Лучијано Лигабу и Американецот Брус Спрингстин.

По овие светски ѕвезди е српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со 150.000 посетители на концертот на Ушче во 2013 година и со најмногу продадени влезници.

На листата со најпосетувани концерти се и ирскиот бенд „Ју-ту“ со 150.000 посетители, американскиот бенд „Кис“ со 137.000 посетители, рок-бендот „Квин“ со 131.000 посетители, Мадона исто така со 130.000 посетители, „Ролинг стоунс“ со 126.000 посетители и кралот на поп-музиката Мајкл Џексон со 125.000 посетители.

Она што е особено интересно е што некои српски изведувачи се најдоа на листата пред некои од најголемите имиња на светската музичка сцена, па собраа голем број посетители на нивните концерти.

Кога станува збор за музичката сцена на територијата на поранешна Југославија, два концерти се обележани како значајни историски моменти: концертот на „Бијело дугме“ кај Ајдучка чешма, кој предизвикал неверојатен интерес во јавноста и често во медиумите бил именуван како „Југословенскиот Вудсток“, одржан на 28 август 1977 година, како и настапот на „Прљаво казалиште“ на тогашниот плоштад „Република“ во Загреб, на 17 октомври 1989 година, кога се собрале повеќе од 150.000 луѓе. Овој настап останал запаметен и по специфичната атмосфера во која се одржал, а многумина велат дека го означил почетокот на крајот на Југославија.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава