X
 23.01.2024 Наука

Индија се дели на два дела, велат научници

Индија драстично се менува под површината на земјата. Ново истражување открива дека индиската континентална плоча се дели на два дела. Научниците тврдат и дека промената се случува хоризонтално, односно плочата се дели на посебни делови.

Има многу дебати помеѓу научниците за формирањето на оваа плоча. Според најновата теорија, плочата се дели на два хоризонтални дела, а долниот навлегува подолу во Земјината обвивка.

Сајмон Клемперер од Универзитетот „Стенфорд“ и неговите колеги ги донеле овие заклучоци откако ги истражувале нивоата на хелиум во тибетските извори.

Според нивното истражување, обвивката е доволно блиску до површината на Земјата за реткиот хелиум-3 да излезе низ изворите во Северен Тибет. Меѓутоа, во Јужен Тибет е поприсутен почестиот хелиум-4, што сугерира дека плочата сè уште не се поделила таму.

Истражувањето сѐ уште не е рецензирано. 

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука