X
 23.02.2021 Живот

Војната и насилството го чинат секој жител на светот 5 долари дневно

Колку чинат воените конфликти низ светот? Во 2019 г. светот платил 14,4 билиони (14.400.000.000.000) долари за воени цели, според Институтот за економија и мир. Тоа е приближно 5 долари дневно за секој човек на планетата.

За споредба, дури 689 милиони луѓе, односно над 9% од светското население, живеат со помалку од 1,9 долар дневно, според податоци од Светската банка.

Над 10% од глобалниот бруто-домашен производ (БДП) се трошат на спречување или справување со последици од насилство. Секоја години умираат 1,4 милион луѓе поради насилство, а конфликтите го кочат економскиот развој, предизвикуваат нестабилност, ја зголемуваат нееднаквоста и негативно влијаат врз човечкиот капитал.

Според Институтот за економија и мир, во конфликтите се повредуваат 40 пати повеќе луѓе отколку што умираат, а најпогодените 10 земји во светот трошат до 59% од својот БДП на последиците од конфликтите. Економското влијание на насилството се намалило втора година по ред во 2019 г., а глобалната цена на мирот се намалила за 64 милијарди долари помеѓу 2018 и 2019, иако е повисока за 1,2 билион долари отколку во 2012.


Фото: Pixabay

Цената на конфликтите се зголемила во 5 региони од светот во 2019, а најмногу во Централна Америка и на Карипските Острови бидејќи се зголемиле случаите на убиства. Во Сирија, речиси 60% од БДП на земјата биле потрошени на граѓанската војна и нејзините последици во 2019 година. Авторитативните диктатури изгубиле просечно 11% од БДП на трошоци поврзани со насилство, додека во демократиите цената е еднаква на 4% од БДП.

Во извештајот на Институтот за економија и мир се анализирани 18 економски индикатори за да се процени цената на насилството. Се открило дека најмногу се троши на армиите (околу 5,9 билиони долари во светот во 2019 г.), внатрешна безбедност и убиства.

Автор: Даглас Брум
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот