X
 05.08.2016 Економија

Зошто доларот е долар, а еврото - евро? Како валутите го добиле своето име?

Парите стануваат преокупација обично тогаш кога ни недостасуваат. Сепак, и тогаш луѓето не размислуваат за историјата на валутата и од каде потекнала идејата за нивните имиња.

Велика Британија: британска фунта (pound sterling)

Британската фунта настанала пред илјадници години за време на англо-саксонска Англија со што ја прави најстарата светска валита. Не се знае точно потеклото на името, меѓутоа се претпоставува дека потекнува од старо-англискиот збор „steorra“ што значи ѕвезда. Британските Нормани го додале суфиксот „ling“ за да создадат збор со кој би се означувала мала ѕвезда. Инаку тоа е сленг за мали сребрени пени.

Саксонското кралство на Велика Британија ги пуштило во оптек парите и биле исковани 240 „Sterling Pounds“ од фунтата сребро.

Америка: долар

Доларот станал официјална американска валута во 1792 година, а позади себе има комплицирана историја. Имено, боемскиот аристократ, грофот Ероним Шлик започнал со ковање на сребрени моменти кои ги нарекол „Joachimstalers“. Ова било името на долината каде се копало среброто за паричките, а суфиксот „er“ покажува дека потекнува од германскиот јазик.

Германскиот збор бил скратен и заменет со „Talеr“ - зборот поминал низ многу јазици: шведски - далер, норвешки - далар и холандски - даалер. На тој начин допатувал до американските колонии и тука станал официјална валута.

Европа - евро


Оваа валута името го доби по Европа, а потекнува од лик од грчката митологија - Европа, додека неговото име настанало од зборот „Eurys“ што значи широко лице. Не е јасно од каде ова име на континентот, но Грците областа во која живееле ја нарекувале Европа од 522 година п.н.е. Со текот на времето границите се проширувале и така настанал континентот.

Јапонија: јен


Неговото потекло е од јапонскиот збор што значи круг, а има лингвистичка врска со кинескиот јуан и корејскиот вон. Бил воведен во 1871 година. Туристите кои зборувале англиски го изговарале јен наместо ен. Меѓутоа, најголемиот виновник е Џејмс Кертис Хепбербн, американски мисионер кој го направил првиот јапонско-англиски речник, а во него ја напишал буквата е како уе.

Во подоцнежното издание ја тргнал буквата у, меѓутоа луѓето и понатаму го користеле зборот јен бидејќи станал општо прифатен.

Швајцарија: швајцарски франк


Швајцарија го зела името на валутата од Франција каде оваа валута била официјална од 1795 до 1999 година. Швајцарскиот франк започнал да се користи во 1850 година.

Французите првите монети ги правеле од злато во чест на ослободувањето на кралот Иван II во 1360 година кој бил пуштен од англиската влада. Тие се правеле само 20 години, а името повторно било искористено и за сребрените монети помеѓу 1575 и 1641 година. Тогаш франкот станал заеднички термин за пари. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија