X
 23.04.2019 Култура

Ликовите од книгата никогаш нема да те осудат поради тоа кој си

По повод 23 Април, Интернационалниот ден на книгата, тимот од книготека „Икона“ го дава своето видување на позицијата на книгата во космосот.

Во продолжение неколку значења на книгата:

1. Книгата е пријател на твојата совест и непријател на твојата суета.

2. Книгата е разговор на душата со самата себе.

3. Книгата е патување до мудроста што го поплочуваш со распарчени делови од твоите заблуди.

4. Книгата е привлечна одисеја во која никогаш не си сам.

5. Поривот за слобода е таинствено затворен во страниците на книгата.

6. Ликовите од книгата никогаш нема да те осудат поради тоа кој си.

7. Книгата е огледало во кое откриваш нови црти од твоето лице.

8. Книгата е почивалиште за уморните и отскочна штица за подготвените.

9. Книгата е моќен штит. Куршумот можеби пробива тело, но тој не може да продре во твојот дух.

10. Тесноста на животот е проткаена во долгите реченици искажани од нивниот бунтовен и великодушен креатор.

Честит Интернационален ден на книгата.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура