X
 23.05.2019 Култура

Рекордни 10.000 продадени примероци од „Нашиот пат“!

Откако издавачката куќа „Просветно дело“ ја издаде книгата „Нашиот пат“, напишана од познатите јутјубери Марко Марковиќ – Џипи и Стефан Рашковиќ – Стефонатор, па сè до денес, се продадени рекордни 10.000 примероци.

Двајцата популарни јутјубери официјално го објавија продадениот тираж на нивните социјални мрежи, а петцифрената бројка ја одбележаа со интересна фотосесија. Првиот тираж од 1000 примероци се распродаде само за еден и пол час на денот на промоцијата на книгата, а веднаш потоа постојано се печатеа и се продаваа нови и нови тиражи.

1

Овој тираж е своевиден феномен – бројка која далеку ги надминува вообичаените тиражи во издаваштвото на овие простори, и очигледно ќе треба да помине уште долго време пред да може некоја друга книга да го достигне.

„Не ни сонувавме дека ќе напишеме книга, а камоли да ја напишеме најтиражната досега! 10.000 продадени примероци за нецели 4 месеца – сигурно е сон!“, ни изјавија Марко и Стефан. Од издавачката куќа „Просветно дело“, пак, велат дека ваквиот тираж ги надмина сите можни очекувања и секако се горди на овој проект и на младите автори.

2
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура