X
 23.04.2023 Забава

Урнебесна средба помеѓу лав и слон во Јужна Африка, слонот победи

Слон и лав се впуштија во комичен „судир“ пред бунар во Јужна Африка.

На видеото објавено од платформата „Лејтест сајтингс“, која често објавува фотографии и видеа од дивиот свет, лав лежи покрај бунар во резерватот Балуле. За кратко време до бунарот се приближува слон, привлекувајќи му го вниманието на лавот. Слонот почнува да ја става сурлата во бунарот и да пие вода. Но, во еден момент, слонот ја вади сурлата и почнува да го прска лавот, кој избезумено се крие во грмушката.



Извор: Huffpost.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава