X
 23.06.2017 Култура

Вработен во „Икеа“ открива кое е најдоброто време за посета на продавниците на „Икеа“

Шопингот во „Икеа“ најчесто е синоним за гужви, преголем избор на производи, премногу можности и комбинации, што само по себе наместо уживање во пазарувањето може да предизвика нервоза и стрес... но, сега, еден вработен преку „Редит“ ги открива „малите тајни на големото уживање“ во купувањето во нивните продавници.

Најдобро време за посета на продавниците на „Икеа“

Луѓето вообичаено „трчаат“ кон првата благајна што ќе ја здогледаат откако веќе го направиле својот избор на производи, иако благајните кои се поблиску до излезот најчесто се и до 50% помалку оптоварени од централните.
 
Појавувањето во продавниците рано „во зорите“, не е паметен потег, затоа што многумина намерници се „досетиле“  на истото „решение“ , па неретко се случува уште пред отворањето на продавниците, веќе да се формираат редици на чекање за влез во „Икеа“.

„Затоа, најдобро време за посета на нашите продавници е половина час или еден час по отворањето на продавницата“, истакнува анонимниот вработен на форумот.

Тој викендите ги смета за најлоша опција за пазарување, затоа што токму тогаш се создаваат и најголемите гужви, па доколку веќе сте ги избрале посакуваните производи преку веб-страницата на компанијата која редовно се ажурира, најдобро е да пазарувате после работното време, во текот на работната недела.

Најдобар избор во рестораните во „Икеа“

Одговарајќи на прашање дали храната во нивните ресторани е преценета, вработениот дава совети како со најмал издаток да добиете максимум.

„Немојте да избирате некои домашни менија, затоа што се поскапи од месните топчиња со прилог од компири“. Реално, топчињата од  месо секогаш се најисплатливата опција во „Икеа“,  доколку  ви се допаѓа нивниот вкус.

Делови кои недостигаат во пакувањата


Ако сте еден од оние купувачи кои по враќањето дома после пазарување во „Икеа“ сфатиле дека во пакувањето им недостасува некој дел од производот, без оглед дали се работи за дел од мебел или пак само некој клинец или спојка, не очајувајте, не сте единствените. Вработениот открива дека само во една шестчасовна смена, вообичаено примаат околу 8 до 9 вакви жалби.

Затоа е најдобро, особено доколку продавницата на „Икеа“ ви е на поголема оддалеченост од домот, уште на паркингот да проверите дали сите делови од производот се на место, за да не морате да се враќате пак.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура