X
 23.07.2018 Живот

Врховен суд на Индија: Да се реновира или да се урне мавзолејот на Таџ Махал

Врховниот суд на Индија ѝ нареди на индиската држава Утар Прадеш да го затвори и да го урне или да го обнови мавзолејот на Таџ Махал.

Во написот се наведува дека восхитувачкиот мавзолеј од мермер во градот Агра, на северот од Индија, се бори со современите непријатели: токсичен воздух и нечиста вода.

Екстериерот на мавзолејот од 17 век, кој беше изграден по наредба на Шах Џахан за неговата сакана сопруга Арџуманд Бано Негум, попозната како Мумтаз Махал, некогаш беше со чисто бела боја. Сега тоа е сменето - ѕидовите на Таџ Махал се делумно, ако не и целосно, во различни нијанси на жолта, кафено- црна и зелена боја.

Првите знаци дека нешто не е во ред се појавија во 1938 година, кога индиската влада формира комитет за решавање на проблемот со постепено темнење на споменикот.

Според Светската здравствена организација, Агра е на осмото место на листата со најзагадени градови во светот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот