X
 23.08.2018 Технологија

Калкулаторот на „Виндоус 10“ крие една многу корисна функција

Доколку ви е потребен елегантен и брз начин за пресметување на валутата, секогаш можете да му се обратите на „Гугл“ или на некоја друга интернет-страница наменета за тоа. Но, ако не сакате да го користите интернетот, на располагање ви стои и опција во самиот калкулатор од „Виндоус 10“.

Курсната листа во „Виндоус 10“ е воведена во рамките на новите ажурирања, а благодарение на тоа, пресметувањето на валутата стана достапно за речиси сите познати светски валути.

Сѐ што треба да направите за да пристапите до таа опција е да кликнете на трите цртки во левиот горен агол и кога ќе ви се отвори мени, изберете „Currency“.



Изберете ги валутите што ви се потребни и кликнете на „Update rates“ за компјутерот да го ажурира курсот според најновата состојба. Потоа внесете ја вредноста и ќе го добиете резултатот, односно износот во другата валута.

Оваа опција функционира и кога не сте поврзани на интернет, само е потребно претходно да ја ажурирате курсната листа за да не добиете погрешни резултати
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија