X
 23.08.2018 Технологија

Проблеми на „Фејсбук“: Објавите и постовите мистериозно исчезнуваат

Се чини дека постовите на „Фејсбук“ се бришат самите - голем број на луѓе пријавиле дека откако споделиле ажурирање на нивната страница, по кратко време постот исчезнал.

Истото се случува и со страниците на „Фејсбук“ - пријавено е дека пораките исчезнуваат во период од неколку минути.

Се чини дека проблемот се јавува само на неколку фејсбук-страници и само на неколку видови на постови.

Од „Фејсбук“ сѐ уште се немаат огласено за проблемот, иако се претпоставува дека станува збор за „баг“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија