X
 23.08.2020 Здравје

Алгоритам ќе детектира дијабетес со обична камера на паметен телефон

Во последно време престанавме да ги користиме мобилните телефони само за повици и нашето внимание го насочивме и кон допишувањето, фотографирањето, проверувањето на социјалните мрежи итн. Телефоните станаа мали преносни компјутери, па природно е да се обидеме добро да ги искористиме. Овој пат за работи поврзани со здравјето.

Минатата година ново откритие беше дека паметните телефони можат да детектираат биоагенти кои предизвикуваат антракс и мелиодоза, според студија направена од страна на истражувачи од Универзитетот во Аризона и Универзитетот во Невада. Всушност, вклучувањето на смартфоните во дијагностиката и не е нешто ново.

Сега, истражувачи од Универзитетот од Сан Франциско, Калифорнија, развија техника за детекција на дијабетес тип 2. За методата наводно не е потребен дополнителен хардвер, туку камера. Истражувањето е објавено во списанието „Нејчр медисин“.

Камерата била успешна во точно дијагностицирање на 81 отсто од предметите. И тоа е прилично голем број.

Во основа, истражувачите користеле камера на смартфон за детектирање на васкуларното оштетување од дијабетесот со фотоплетисмографија (ППГ). ППГ е техника која идентификува волуметриски промени во циркулацијата на крвта. Камерата на смартфонот и блицот биле искористени на врвот на прстот за да се детектираат промените на боите во кореспонденција со отчукувањата на срцето и да се измери ППГ.

Пред да се примени кај случајно избрани луѓе, биле прегледани стари податоци од ППГ за потврдени случаи на дијабетес за да се види дали алгоритамот навистина може да детектира дијабетес. Од 3 милиони снимки од 53.870 пациенти во студијата, кои ја користеле апликацијата „Azumio Instant Heart Rate“ на ајфони, предвидувањата биле претежно точни.

Резултатите од 92 до 97 отсто од пациентите без дијабетес исто така биле точни. Во овој случај, алгоритамот успешно го поминал прегледот.

Конвенционалните начини за тестирање дијабетес може да одземат многу време.

- Ние покажавме дека перформансите на алгоритамот се споредливи со други често користени тестови, како мамографија за рак на дојка, и неговата безболност го прави атрактивен за повторени тестирања - истакнува Џефри Олгин, авторот на студијата.

Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје