X
 24.01.2021 Технологија

Сѐ повеќе компании ги надгледуваат вработените кои работат од дома

Работата од дома донесе многу повеќе слободно време, бидејќи повеќе нема потреба да се подготвувате за работа и да возите до работа. За некои, работата од дома донесе и релаксација, па во текот на работното време тие истовремено ручаат, прават секакви приватни работи и поминуваат повеќе време сурфајќи на интернет и пребарувајќи што е ново на социјалните мрежи.

Но, додека ги прават сите овие работи, не се свесни дека сето тоа може да го надгледува нивниот шеф. Откако почна пандемијата, односно откако луѓето ги заменија канцелариите со својата дневна/спална соба, експертите постојано предупредуваат на шпионирање на потенцијалните вработени. Шефовите кои се плашат дека вработените го минуваат работното време извршувајќи приватни работи, како и шефовите кои сакаат целосна контрола над нивните вработени, сè повеќе користат технологија за да ги надгледуваат вработените - понекогаш дури и буквално шпионирајќи ги на интернет.

Под маската на вирусот, некои компании ги шпионираат своите вработени за да ги казнат, па дури и да ги отпуштат, предупредува британската федерација на синдикати. Според нивните информации, една од пет компании, веќе инсталирала или има намера да инсталира софтвер што може да следи колку време на вработените им е потребно да прочитаат и да одговорат на пораки, а можат да го следат и нивното учество на состаноците, па дури и да ги снимаат преку веб-камерата.

компјутер
Фото: Freepik

Генералната секретарка на британскиот синдикат, Френсис О'Грејди, предупредува дека работниците не смеат да бидат надгледувани без нивно знаење, а според нивните податоци, еден од седум работници смета дека обемот на надзорот на компанијата се зголемил од почетокот на компанијата.

Френсис истакнува и дека компаниите сѐ почесто употребуваат алатки засновани на алгоритми што донесуваат одлуки за тоа кој да се вработи, а кој работник да се отпушти. Вработените мораат да бидат заштитени од нефер одлуките на алгоритмите, нагласува таа.

- Откако ќе заврши кризата, технологијата треба да се искористи за подобрување на условите за работа, а не за уништување на достоинството на вработените - заклучува Френсис.

Извор: Techspot.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија