X
 24.02.2021 Живот

Како читањето ја менува структурата на мозокот?

Знаеме дека со читањето учиме факти, а со знаењето на вистинската работа во вистинско време си ги зголемуваме шансите за успех. Но тоа не е единствениот начин на кој читањето ве прави попаметни. Според научниците, читањето го менува начинот на кој работи мозокот.

Голем дел од научната литература покажува дека еден од краткорочните ефекти на читањето е емпатијата. Со влегување во кожа на ликовите во книгата ги гледаме аспектите што не ни се познати, а тоа ни ја зајакнува емоционалната интелигенција. Овој ефект буквално бил забележан за време на снимањето на активноста на мозокот. Доколку ликот игра тенис, во мозокот се активираат делови кои се активни кога навистина сте физички активни.

Постојат истражувања што покажуваат и дека навлегувањето во приказната во книгата ја зголемува способноста за фокусирање и разбирање комплексни идеи, а овие вештини ослабуваат кога читате помалку.


Фото: Pixabay

Читањето има и долгорочни ефекти, а професорот Џозеф Хајнрих од „Харвард“ неодамна објаснил како се менува мозокот додека децата учат да читаат. За време на оваа промена се создава специјален регион во левиот дел од мозокот, функцијата за препознавање на лицето се префрла од левата во десната хемисфера, се зголемува вербалната меморија и се здебелува делот што ги поврзува двете хемисфери во мозокот, објаснил Хајнрих.

Читањето ја зголемува способноста за замислување алтернативни начини, помнење детали, замислување детални слики и решавање комплексни проблеми. Читањето не дава само знаење, туку и ве прави попаметни.

Автор: Џесика Стилман
Извор: inc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот