X
 24.05.2017 Култура

Сите успешни луѓе имаат една заедничка навика, а тoa е...

Најуспешните луѓе на светот имаат една особина која им е заедничка: не е високиот IQ коефициент, нити пак сите имале полет во постигнувањето на успехот, но ги поврзува читањето како навика. Книгите биле нивна најпрофитабилна инвестиција.

Од два до дваесет милијарди долари

Двајца тинејџери се вработиле во локална пиљара во градот Омаха во државата Небраска. Постарото момче потекнувало од сиромашно семејство кое многу настрадало во периодот на Големата депресија. Одгледувал хрчаци кои ги продавал за ситни пари. Помладото момче, внук на сопственикот на пиљарата, го одложувал тргнувањето на школо и се занимавал со хонорарна работа – продавал гуми за жвакање и Кока-кола во шишиња од врата до врата.

Во таа доба, секое од момчињата заработувало два долари дневно. Неколку децении подоцна, нивниот конгломерат, „Berkshire Hathaway“, ќе пријавува добивка од 20 милијарди годишно. Кои се овие момчиња? Тоа се лично Чарли Мангер и Ворен Бафет. Но, како станале најуспешните инвеститори што некогаш ги видела Америка?

Ворен Бафет 80 % од својот ден ги поминува во читање


Да се навратиме во 2007 година, кога 84-годишниот Чарли Мангер им ги открива тајните на неговиот успех на група млади студенти по право:

„Постојано гледам како во животот успеваат луѓе кои не се ни најпаметни, често ни најгрижливи, но учат многу брзо. Секоја ноќ тие заспиваат помудри отколку што станале утрото и богами тоа им помага, особено ако размислуваат на долги патеки.“

Наводно, на почетокот на својата инвестициска кариера, Бафет читал 600 до 1000 страници секој ден. И денес 80 % од денот ги посветува на читање. Неговата порака до сите заинтересирани е: без разлика што сте станале во животот, продолжете да учите и успехот нема да изостане.

Бафет и Мангер не се единствените кои својот успех му го припишуваат на читањето.

Клубот на читатели милијардери

За технолошкиот претприемач Илон Маск велат дека научил како да изгради ракети читајќи книги. Како дете, Маск бил жрвта на насилство од врсници во Јужноафриканската Република. Утеха пронаоѓал во читањето научно-фантастични романи, кои го инспирирале да остави трага во светот.

Бил Гејтс, најбогатиот човек на светот читал околу 50 книги годишно, и сѐ освен белетристика. Без разлика на тоа што многу патува и запознава интересни луѓе, новото знаење го стекнува читајќи книги.

На сличен начин, Марк Закерберг го повика целиот свет да му се придружи во намерата да чита по една книга на секои две недели во текот на 2015 година, основајќи го клубот на љубители на книги.

Конечно, најголемиот научник и иноватор, Никола Тесла, бил страстен читател. Како студент, Тесла долго време поминувал во библиотека, барајќи книги и на тој начин збогатувајќи го сопственото знаење. Бил истраен во читањето на секоја книга што ќе ја земел в раце.

„Учев многу јазици, ги проучував литературата и уметноста и најубавите години ги поминав во библиотеките читајќи сѐ што ќе ми дојдеше в рака и почувствував дека залудно сум го трошел времето, но набрзо сфатив дека тоа беше најдоброто нешто што некогаш сум го направил.“

Читањето има свои благодети: може да ви го подобри здравјето, бидејќи е релаксирачка активност, може да ви ја развие емпатијата и да ви помогне при донесувањето стратешки одлуки. Затоа, препорачливо е да си воспоставите рутина за читање. Барем 15 минути дневно.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура