X
 25.02.2023 Наука

Смеењето на црн хумор и невкусни шеги може да биде знак за висока интелигенција

Разбирањето на шегата е мерка за интелигенција со причина - потребна е брзина на размислување за да се разбере зошто зборот во необичен контекст е хумористичен и веднаш да се реагира на него. Меѓутоа, сега се смета дека ако сакате мрачен и црн хумор, голема е веројатноста да имате висока интелигенција.

Ново истражување објавено во списанието „Когнитив просидингс“ тестирало дали интелигенцијата влијае врз ценењето на црниот хумор. Истражувањето откри дека тоа е вистина и дека интелигенцијата навистина влијае.

Тимот од истражувачи, предводен од Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена, побарал од 156 учесници да го оценат нивното разбирање и уживање во 12 цртани филма преземени од „Црната книга“ на Ули Стајн - антологија на цртаните филмови со мрачен хумор.

Исто така, учесниците пополниле основни тестови за нивниот вербален и невербален коефициент на интелигенција и одговарале на прашања за нивното потекло.

Истражувачите идентификувале три различни групи на учесници - оние со највисок вербален и невербален коефициент на интелигенција покажале најголема склоност кон ценење на црниот хумор.

Вилинџер и нејзиниот тим велат дека наодите посочуваат дека разбирањето и уживањето во црн хумор е сложена задача за обработка на информации.

Истражувањето, спроведено меѓу 156 учесници на просечна возраст од 33 години, не е прво од ваков вид што доаѓа до ваков заклучок.

Покрај тоа, хуморот може да биде механизам за справување со психолошка повреда. Истражување спроведено меѓу новинари изложени на траума покажало корелација со употребата на црн хумор, додека други истражувања покажале дека смеата може да доведе до моментално зголемување на отчукувањата на срцето, фреквенцијата на дишење, длабочината на дишењето и помага да се намалат хормоните на стрес.


Извор: indy100.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука