X
 25.03.2024 Стипендии

Стипендии за додипломски и магистерски студии во Словачка

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за аплицирање на кандидати од РС Македонија за стипендии на Владата на Словачката Република (Slovak Republic Government Scholarship), за додипломски и магистерски студии во одредени области на образование (во прилог) за академската 2024/2025 година.

Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии може да се најдат на: https://www.minedu.sk/scholarships-of-the-government-of-the-slovak-republic/

Основните услови за добивање владина стипендија се:

1) номинација од Министерството за надворешни работи/Министерството за образование на матичната земја/Амбасадата на Република Словачка во Скопје,

2) постигнатиот успех во текот на средното образование или универзитетските студии,

3) избрано поле на студирање

Упатството за аплицирање може да се најде на веб-страницата: www.vladnestipendia.sk / www.vladnestipendia.sk/en/

Апликациите треба да бидат доставени електронски, во периодот од 25 март до 30 мај 2024 година.

За техничка поддршка може да се обратите директно до:

helpdesk@studyabroad.sk или на тел. број: +421 907 551 404.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат разгледани од страна на селекциониот панел. Оригиналните електронски доставени документи прифатениот апликант ќе ги донесе и ќе ги достави до Секторот за меѓународни односи на Министерството за образование, истражување, развој и млади на Република Словачка по неговото/нејзиното пристигнување во Република Словачка.

Услов за доделување на владината стипендија за стандардна должина на високообразовни студии е познавање на словачкиот јазик на потребното ниво и прием за студирање во избраната област на државен универзитет во Република Словачка. За подобро изучување на словачкиот јазик, апликантите за владина стипендија имаат можност да поминат јазична и стручна обука за словачки јазик и стручни предмети со фокус на подобрување на комуникациските вештини неопходни за совладување на универзитетските студии на словачки јазик. Обуката е бесплатна за избраните апликанти и истата ќе биде организирана од страна на Универзитетот „Матеј Бел“ во Банска Бистрица, во периодот од 2 септември 2024 година до 30 јуни 2025 година.

Контакт: studentski.stipendii@mon.gov.mk
Активен до:    30.05.2024

Издвојуваме

Стипендии