X
 25.10.2023 Живот

Колку успеваат да заштедат Германците за еден месец?

Цените во Германија се високи и сè уште растат, но во првата половина од годинава граѓаните заштедиле приближно колку и минатата година - над меѓународниот просек.

Стапката на штедење е 11,3 отсто, што значи дека еден просечен Германец успева да заштеди 11,3 евра за секои 100 евра нето-приход или 260 евра месечно.

Стапката на заштеда беше околу 6 отсто повисока за време на ковид-пандемијата, во првата половина на 2020 и 2021 година. Тогаш многу луѓе имаа повеќе пари бидејќи не патуваа, а рестораните и спортските центри не работеа.

Во споредба со другите индустриски развиени земји, во 2022 година Германците успеаја да заштедат над просекот. За споредба, во Италија стапката на штедење е 2,1 отсто, во САД 3,7 отсто, во Јапонија 5,4 отсто, а во Австрија, 8,8 отсто, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Од друга страна, Швајцарците штедат повеќе од Германците со стапка од 18,4 отсто, а Холанѓаните со 12,7 отсто.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот