X
 26.02.2024 Живот

Спектакуларни фотографии од аурора бореалис од вселената

Астронаут на НАСА неодамна објави неверојатни фотографии направени од вселената на кои се гледа аурора бореалис.

Јасмин Могбели сними неверојатни снимки од зелената поларна светлина, која се протега на јужните региони на Земјата далеку во вселената.

- Аурорите гледани од овде се спектакуларни - изјави Могбели на прес-конференцијата на Меѓународната вселенска станица. Како што вели таа, оваа глетка е нешто што ќе го запомни за цел живот.

nasa
Фото: NASA

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица доживуваат особено спектакуларна поларна светлина бидејќи Сонцето се приближува до својот 11-годишен максимум на активност. Повеќе одблесоци и коронални масовни исфрлања на честички значат поголема активност на аурора и на Земјата.

Извор: Space.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот