X
 26.03.2023 Живот

Д-р Кунгуловски за тестот на крвта преку кој ќе се открива рак, пијанистот Арда Мустафаоглу освои две награди во Франција... Што пишувавме неделава

И Македонија ја зафати трендот на слабеење со лекови за дијабетес. „Волшебното стапче“ носи здравствени ризици, предупредуваат лекарите

Денес, нашето внимание, на здравствените работници кои ја третираме дебелината, го привлекуваат лековите GLP 1 – агонисти/агонисти на пептиди слични на глукагон. Глукагонот, всушност, е хормон кој има спротивна функција од инсулинот, тој согорува масти, но со своето спротивно дејство двата хормони работат за да го одржат нивото на гликоза (шеќер во крвта) во рамнотежа. Приемот на лекот треба да е со лекарска консултација и преглед, бидејќи како и секој медикамент, носи ризици за здравјето на пациентот доколку не се следат протоколите на лекување, вели д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог

Розита Закева организира часови по македонски на Малта: „Ако престанеме да размислуваме на мајчиниот јазик, тој станува секундарен јазик во нашите животи“

Розита Закева држи часови по македонски јазик на Малта последниве три години. Часовите се одржуваат еднаш неделно и најголемиот акцент е ставен на запознавање со татковината. Секако, во преден план е и изучувањето на азбуката, за малите деца, за поголемите - граматика и правилно изразување, читање и творење. Преку игра и другарување, песна и музика, креативни работилници, театар и драма, поезија и раскази, фолклор и традиција, децата го изучуваат македонскиот јазик и поблиску се запознаваат со нивните корени, вели Розита.

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои две награди во Франција: „Ми беше мило што бев во друштво со такви ѕверови на клавирот“

Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу освои две значајни награди на меѓународниот натпревар „Piano Campus“ во Франција, една од жирито за најдобра интерпретација на задолжително дело од Рахманинов, а другата од асоцијацијата "Piano retrouvé aux musicales d'Arnouville" - рецитал во Арнувил (Париз), потврдувајќи го големиот талент.

Интервју со д-р Горан Кунгуловски: „Развиваме тест на крвта преку кој ќе се открива дали во телото се развива рак“

Проактивно тестирање ќе значи крвна анализа и кај луѓе без симптоми, па болеста ќе се детектира навремено, во рана фаза, каде што успехот на лекување е поголем. Ваквите тестови ќе бидат предводници во новиот бран на персонализирана медицина, вели Кунгуловски

Александра Спировска е тим-лидер на „Покерстарс“: „ИТ-индустријата е таква што ако не се надградуваш постојано, многу брзо ќе заостанеш“

Сметам дека факултетот ми овозможи да започнам со многу солидна основа, но се разбира дека имав потреба од надградување. Работата во ИТ-сферата е таква што ако не се надградуваш постојано, многу брзо почнуваш да заостануваш. Oдлуката за заминување од Македонија ја направив по неколку месеци од завршувањето на праксата во Австралија. Немав јасна визија дека сакам да заминам надвор од земјава, но добив понуда од мала стартап-фирма во Софија која многу ми се допадна, вели Александра

Режисерката Тања Симоновска наградена за нејзиниот филм „Новиот почеток“: Не се пронаоѓав во Македонија, затоа се иселив

По дипломирањето на УГД, на катедрата по англиски јазик, кратко живеев во Англија, по што се вратив и ја завршив Филмската академија во Штип во класата на професорот Антонио Митриќески, кој предаваше режија. Многу научив од моите драги професори таму, вели Тања

Издвојуваме

Живот