X
 26.04.2018 Култура

Ремарк: „Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина“

Ерих Марија Ремарк бил неверојатно деликатен човек со чувствителна и ранлива душа и талент во кој отсекогаш се сомневал.

Книгите што ни ги остави се засновани на живи емоции и ликови кои му поминувале пред очите и живееле во неговото срце.

Страсна љубов му го обележала целиот живот. Страшната војна, пак, ги уништувала волјата, вербата и судбината на човекот. Тој пишувал за изгубената генерација за која нема место меѓу луѓето што не ги искусиле стравотиите од војната.

Ви споделуваме извадоци од книгите „Тројцата воени другари“, „Триумфална порта“, „На запад ништо ново“ и „Искра на живот“.

Во секој од овие романи се вложени животното искуство и срцето на овој познат германски писател

„Не! Само не тоа. Да останеме пријатели? Да направиме мала градина врз изладената лава изумрени чувства? Не, ова не е за мене и за тебе. Тоа се случува по мали интриги, а и тоа се чини прилично неискрено. Да не ја валкаме љубовта со пријателство. Крај е, крај.“

„Никој не може да стане поголем странец од оној што во минатото сме го љубеле.“

„Љубовта не трпи објаснувања, нејзе ѝ се потребни дела.“

„Секоја љубов сака да биде вечна. Во тоа е и нејзината најголема мака.“

„Само ако конечно се разделиш од некој човек, всушност, почнуваш да се интересираш за сè што го интересира. Тоа е еден од парадоксите на љубовта.“

„Само несреќниот знае што е среќа. Среќниот ја чувствува радоста од животот, не повеќе отколку манекенот: тој само ја покажува таа радост, но таа не му е дадена. Светилката не осветлува кога е ден. Таа свети во темнината.“

„Среќата е најнеопходна и најскапа работа во светот.“

„Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина.“

„Најлесен карактер има циникот, најнеподнослив – идеалистот. Зар не мислите дека тоа е чудно?“

„Ако сакате луѓето ништо да не забележат, не бидете внимателни.“

„Едно нешто да запомниш, момче: никогаш, никогаш и повторно никогаш нема да бидеш смешен во очите на жената ако направиш нешто за неа.“

„Мислев дека жената не треба да му кажува на мажот дека го љуби. За тоа нека зборуваат нејзините среќни очи. Тие се поразговорливи од нејзините зборови.“

„Жена – не е предмет, таа е цвет. Нејзе ѝ се потребни сончеви, нежни зборови. Подобро секој ден да се опсипува со убави зборови отколку целиот живот со лутина и бес да се постапува со неа.“

„Она што не можеш да го имаш секогаш изгледа поубаво од тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човековиот живот.“

„Каењето – најбескорисната работа на светот. Не можете да вратите нешто. Не можете нешто да поправите. Во спротивен случај, сите би биле светци. Животот не планирал да биде совршен за нас. На оној кому му е совршен, местото му е во музејот.“

„Принципите понекогаш треба да се погазуваат, инаку нема никаква радост од нив.“

„Подобро е да се умре кога се живее отколку да се живее до моментот кога ќе се посака смртта.“

„Што и да ви се случи – не земајте си го при срце. Ништо на светот не може да биде толку важно.“

Фото: Wikipedia
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура