X
 26.06.2023 Технологија

Некои експерти сметаат дека вештачката интелигенција не е магија, туку средство за шпионирање

На технолошки самит што се одржа минатата недела неколку експерти говореа против лажната фасада на вештачката интелигенцја (АИ), предупредувајќи дека таа не е „магија“, како што изгледа. Според нив, овој безопасен, магичен изглед ја остава јавноста несвесна за тоа колку наметлива и експлоатирачка може да биде технологијата.

За почеток, Алекс Хана, директор за истражување при Истражувачкиот институт за децентрализирана АИ, ги прозва генералните директори на популарните компании за генеративна АИ дека го кријат фактот дека нивните производи се тренирани од луѓе.

-Знаеме од известувањата дека има армија работници кои пишуваат белешки зад сцената за ова нешто да може да работи до некој степен. Тие луѓе всушност ги пишуваат називите, додека генералните директори и сите оние други луѓе велат дека ова е магија. Не, тоа се луѓе. Овие нешта треба да се појават како автономни и ја имаат таа маска, но под неа има многу човечка работа - истакнаа таа.

Како претседател на фондацијата која стои зад апликацијата за шифрирано допишување „Сигнал“, Мередит Витакер е загрижена за приватноста, нешто што чатботовите како „Чет-ГПТ“ се закануваат да го поткопаат.

-Би рекла дека можеби некои од луѓето во публиката тука се корисници на АИ, но мнозинството од населението е предмет на АИ. Ова не е нешто за индивидуален избор - истакна Витакер.

Витакер истакна и дека не само што овие АИ модели оперираат далеку од очите на јавноста, туку и служат како технологија за набљудување. Таа смета дека тие нѐ набљудуваат преку масивни сетови на податоци собрани од луѓе кои на крајот завршуваат во рацете на АИ компании. Тие сетови податоци се собрани од милијарди интернет страници, виртуелно собрани податоци за секој кој некогаш го користел интернетот без да даде дозвола за тоа.

-Тие податоци стануваат податоци за мене. Не мора да се точни. Не мора да го одразуваат она што сум или каде сум. Но, има моќ над мојот живот која е значителна и таа моќ се става во рацете на овие компании - заклучи таа.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија