X
 26.07.2023 Технологија

„Чет-ГПТ“ ги напиша американскиот Устав и Библијата?

Алатките за откривање текст напишан од „Чет-ГПТ“ веќе не се непознати. Најмногу ги користат наставниците и професорите за да проверат дали нивните ученици или студенти го користеле овој популарен чет-бот за пишување семинарски трудови, есеи, композиции и слично.

Сепак, се чини дека таквите алатки не се сигурни. Токму ова го докажа новинарот Бен Едвардс од веб-страницата „Арс техника“, кој преку една таква алатка, „ГПТЗиро“, го стави Уставот на САД и доби резултат дека 92,15 отсто од овој текст е напишан од вештачката интелигенција.

Истото, само во помал процент, го покажаа и другите алатки за откривање текст генериран од вештачката интелигенција, па дури и самиот „Чет-ГПТ“. Интересно е што истото се случува кога преку такви алатки се стават текстови од Библијата.

Причината зошто различни алатки за пишување со вештачка интелигенција покажаа ваков резултат лежи во нивниот метод на откривање. Имено, ваквите системи ја мерат сложеноста на текстот користејќи два показатели: комплицираноста и дисперзијата. Комплицираноста ја мери сложеноста на текстот, додека дисперзијата ги споредува варијациите на речениците.

Значи, ако „ГПТЗиро“ или друга алатка е „збунета“ од одреден текст затоа што е покомплициран, има големи шанси да е напишан од човек, а не од вештачка интелигенција. Од друга страна, дисперзијата се мери според должината и сложеноста на речениците. Меѓутоа, ако речениците се совпаѓаат со јазичните модели што ги учи „Чет-ГПТ“, иако ги напишал човек, ќе се смета дека се напишани од вештачка интелигенција.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија