X
 26.08.2023 Живот

Германците се пензионираат многу подоцна отколку пред 20 години. Еве на која возраст

Германците се пензионираат две години подоцна отколку во 2001 година, на просечна возраст од 64,4 години, според податоците објавени од Германското здружение за пензиско осигурување.

За споредба, во 2021 година мажите во просек се пензионирале на 64,1 години, а жените на 64,2 години, додека лани просечната старосна граница за пензионирање за двата пола била 64,4 години. Меѓутоа, во 2001 година мажите се пензионирале на просечна возраст од 62,4 години, а жените на 62,5 години.

Меѓутоа, германските пензионери добиваат бенефиции во просек подолго од претходно бидејќи и живеат подолго. Минатата година мажите во просек земале пензија околу 18,8 години, слично како во 2021 година, но подолго отколку во 2012 година. Жените во 2022 година во просек земале пензија 22,2 години, нешто подолго од 2021 година и речиси една година повеќе отколку во 2012 година.

Германското здружение за пензиско осигурување го припишува тоа на зголемувањето на животниот век.

- Иако зголемувањето на општиот животен век е многу добредојден факт, тој претставува и предизвик за грижа во староста - наведуваат од пензиското друштво.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот