X
 27.04.2023 Живот

Во некои британски компании 4-дневната работна недела се покажа како фијаско

Пред извесно време во Велика Британија почна масовен проект за тестирање на четиридневната работна недела со цел да се види дали овој концепт е навистина продуктивен и подобар од традиционалното работно време.

Во февруари пристигнаа долгоочекуваните податоци, а резултатите беа исклучително позитивни. Меѓу повеќе од 60 компании што учествуваа во истражувањето, од маркетинг-агенции до финансиски фирми, како и продавници за широката потрошувачка - 92 отсто од работодавците изјавија дека ќе продолжат со пократка работна недела по завршувањето на тестирањето.

За 30 отсто од нив настанатите промени се трајни. Меѓу речиси 3.000 вработени, 71 отсто изјавиле дека чувствуваат намалено ниво на исцрпеност, а има и подобрувања во физичкото здравје и чувството на благосостојба. Во многу случаи, компаниите што учествуваа во пилот-проектот организиран од непрофитната организација „4 деј вик глобал“ објавија дека нивните вработени можеле да поминуваат повеќе време со своите семејства, да се занимаваат со омилените активности и да се грижат за себе.

Исто така, работодавците велат дека скратената работна недела ги зголемила продуктивноста и перформансите бидејќи луѓето можеле да искористат добар дел од денот за слободни активности, што придонело за подобра рамнотежа помеѓу работата и животот.

Но, некои компании го напуштија експериментот. Дури и оние компании што продолжуваат да работат со скратено работно време, се соочуваат со нови предизвици кои произлегуваат од таквиот начин на водење бизнис.

Каде
потфрли тестот?

Иако четиридневната работна недела им донесе бенефиции на многу компании, за некои тоа не излезе добро. Една менаџерка на проекти вели дека им фали петтиот ден бидејќи мораат да ја надополнат работата во преостанатите денови, што им создава поголем стрес.

Исто така, овој концепт не функционираше добро во компаниите каде што се работи во смени. Се покажа дека мора да се фокусираат само на секојдневните, тековни задачи, додека долгорочните проекти страдаат.

Проблемот се јавува и таму каде што има многу вработени кои работат на различни функции, па газдите се плашат од неправда: не сакаат некому да му следуваат 4 работни дена, а некому не.

Наместо фиксен, четиридневен пристап, се предлага модел на флексибилност и се смета дека шестчасовниот работен ден би можел да биде поефикасен од четиридневната работна недела.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот