X
 27.06.2021 Наука

Големите природни катастрофи на Земјата следат редовен циклус, покажува анализа

Анализа на геолошките настани низ историјата покажале дека истите се случуваат на Земјата во циклус што трае 27,5 милиони години. Трудот бил објавен во списанието „Џиосајенс фронтирс“. Со други зборови, анализата покажува дека геолошките настани не се случуваат на случаен временски период, туку можеби се поврзани.

За геолошки настани се сметаат вулканската активност, масовните изумирања, движењето на тектонските плочи и зголемувањето на морското ниво.


Фото: Pixabay

Научниците водени од Мајкл Рампино, геолог и професор на Универзитетот на Њујорк, анализирале податоци од големи геолошки настани во последните 260 милиони години. Тие идентификувале 89 големи настани во овој период и откриле дека тие обично се собрани во 10 временски периоди кои прават циклус од околу 27,5 милиони години.

Последниот ваков период на големи геолошки настани бил пред приближно 7 милиони години.

Според истражувачите, овие временски периоди можеби се резултат на циклуси на активност во внатрешноста на Земјата на кои можеби влијаат и вселенски настани.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука