X
 28.03.2017 Живот

Пронајдоци направени од деца кои го освоиле светот

Не мора да поминат децении од животот за да добиете идеја за нешто. Всушност, не мора да бидете доволно стари за историјата да Ве запише како пронаоѓач. Така Брајовата азбука, новогодишните светилки и трамболината се пронајдоци на деца.

Брајова азбука
– Луис Браили имал сериозна повреда на окото кога бил 3 години по што ослепел. Кога бил 12 години научил метод за тивка комуникација оригинално креирана за француската војска. Тој ја поедноставил и во 1824 година Брајовата азбука била родена.

Новогодишни светилки – пред да бидат измислени електричните светилки, многу луѓе ги украсувале новогодишните елки со вистински свеќи. Првите новогодишни светилки се дело на 15 годишниот Алберт Садака произведени во компанијата за светилки на неговите родители. Заради него новогодишните светилки се една од најважните работи во сезоната на новогодишните празници.

Трамболина – кога била тинејџерка, гимнастичарката Џорџ Нисан и нејзиниот тренер креирале платформа за отскокнување со која ќе може во висина да се прави салто наназад. Првично платформата била направена од стар челик и гумени внатрешни цевки, а подоцна била адаптирана на онаа верзија што денес постои како „трамболина“.

Играчки камиони
– во 1962, 5-годишниот Роберт Печ споил заедно неколку кутии за чевли и неколку капачиња за да создаде три вида на камиони. Татко му го согледал потенцијалот во ова и аплицирал за патент во името на својот син. Малиот Печ наполнил 6 години додека да биде доделен патентот, но сѐ уште бил најмладиот носител на патент во тоа време.

Сладолед на стапче
– Во 1905 година 11-годишниот Френк Еперсон од Сан Франциско заборавил пијалок во прав во чаша со вода на тремот, кога нешто друго му го одвлекло вниманието. Утредента ова станало вкусно замрзнато лижавче. По неколку години правење смрзнати десерти за пријателите и на крај за своите деца, Еперсон поднел барање за патент во 1924 година.

Супермен
– како тинејџер Џери Сигел имал потешкотии да заспие во 1934 година, кога почнал да размислува за своите научно фантастични приказни и како што се свртел кон месечината добил негова идеја. Тој ја запишал и утредента го посетил неговиот пријател Џо Шустер кој направил неколку скици. Четири години подоцна нашол издавач, а денес еден од најпрепознатливите ликови во светот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот