X
 28.03.2024 Живот

Кампањата „Емоцијата има своја боја“ влијае врз формирањето здрава и хумана генерација деца и млади

Во тек е општествено одговорната кампања на „Халкбанк“ АД Скопје под наслов „Емоцијата има своја боја“, која го препознава и го нагласува големото значење што го има развивањето на емоционалната интелигенција кај децата и кај возрасните. Оваа кампања, водена од желбата за подобрување на емоционалната благосостојба на сите членови на општеството, има цел да ги образова, инспирира и поддржува различните заедници во препознавањето и управувањето на своите емоции.

Халки, штедливото слонче на „Халкбанк“ кое симболизира радост и безгрижно детство, е водечкиот херој во серијата содржини што ги подготвува банката. Тој не само што е познат по своите финансиски услуги за најмладите туку, исто така, е претворен во симбол на поддршка на децата низ различни општествено одговорни активности. Во текот на годините Халки стана не само бренд, туку и инспирација за креативност, инклузија и подигнување на свеста за одржлива животна средина. Халки ја промовира идејата дека границите може да се поместуваат со создавање подобра и попосветена заедница за иднината.



Емоционалното здравје е важен дел од целокупното здравје и благосостојба на децата. Тоа влијае врз начинот на кој размислуваат, чувствуваат и дејствуваат. Исто така, игра улога во тоа како децата се справуваат со стресот, се поврзуваат со другите и прават здрави избори. Голем број нарушувања кај децата се опишани како сериозни промени во начинот на кој тие вообичаено учат, се однесуваат или се справуваат со сопствените емоции, предизвикувајќи вознемиреност и проблеми во текот на денот.

Од самиот почеток кампањата вклучува низа активности и иницијативи, со цел да ја зголеми свеста за значењето на емоционалната интелигенција во текот на детскиот раст и развој. Една од нив е серијата образовни видеа со Елиза, во кои се пренесуваат важни пораки за емоциите на детски начин. Покрај тоа, кампањата организира литературен конкурс за деца, во кој главна улога има споделувањето радост преку песнички. Исто така, стручните текстови од психологот м-р Катерина Димова служат како практичен водич за родителите, учителите и животните учители, за препознавање и управување со емоциите кај нив и кај децата.

Оваа кампања е инспирирана од потребата за борба против врсничкото насилство, за поддржување на децата во нивното рано растење и за помагање во препознавањето и управувањето со сите емоции што ги доживуваат. Во текот на растењето многу деца се соочуваат со предизвици и емоции кои често не ги препознаваат или не знаат како да ги контролираат.



- Преку ваквите проекти се создава начин за децата и младите да научат како здраво да ги изразат своите емоции, додека истовремено се едуцираат и нивните родители и учители за препознавање и справување со овие предизвици. Ние веруваме дека емпатијата е антитеза на врсничкото насилство и дека, со негување на оваа вредност, можеме да изградиме здрава и хумана генерација на деца и млади - истакнува Маја Наумовска-Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Како компанија, „Халкбанк“ изразува особена загриженост за предизвиците со кои се соочуваат децата во современото општество. Голем број нарушувања и проблеми во однесувањето на децата, што се изразуваат во училиштата и во домовите, стануваат предмет на сериозна дебата. Зголемените случаи на бес, агресија, насилство директно ги погодуваат децата, а родителите, консултирајќи се со психолози, се обидуваат да им помогнат во препознавањето на емоциите и во справувањето со нив. Како резултат на оваа ситуација, „Халкбанк“ реши да реагира. Следејќи ги светските трендови, особено во областа на детската психологија, тие го започнаа проектот „Емоцијата има своја боја“, со цел да ги поддржат децата и да влијаат врз нивниот правилен развој.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот