X
 28.04.2024 Живот

Истражување покажува како луѓето создаваат пријателства

Истражувачи од Универзитетот „Карлос III“ од Мадрид, Политехничкиот универзитет во Мадрид и Универзитетот „Лојола“ откриле дека личниот карактер не игра голема улога во изборот на пријатели на училиште. Изборот на пријатели повеќе е резултат на фактори како блискоста на нашите познајници, велат истражувачите.

Истражувачите користеле машинско учење и техники за вештачка интелигенција за да предвидат дали одредени ученици се пријатели.

- Освен предвидувањето, трудот нуди разбирање за начинот на кој ги градиме нашите пријателства, со тоа што ги препознава заедничките врски, а не личните карактеристики како главна причина за поврзување - вели Анксо Санчез, истражувач.

Заклучоците биле донесени врз основа на анализа на социјалните односи на над 3.000 ученици во 13 средни училишта. Моделот на истражувачите предвидел дали учениците се пријатели или не со точност од 90 отсто.

Ова покажува дека освен тоа што блиските пријателства имаат ефект врз нас, луѓето што не ги познаваме директно, исто така, може да влијаат врз нашето однесување и одлуките што ги носиме.

Трудот е важен бидејќи неговите заклучоци се спротивни на честото мислење дека пријателствата се склопуваат врз основа на заеднички карактеристики.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот