X
 29.01.2019 Живот

И Скопје на мапата на „Тесла“

Американскиот гигант „Тесла“ има намера да гради суперполнач во Скопје. Главниот град на Македонија се најде на листата со градови во кои ќе се градат суперполначи, места на кои обично има повеќе уреди за супербрзо полнење на електричните автомобилите.  

Скопје е потврдено како локација и на мапата е наведено дека времето на отворање е „наскоро“.


Фото: tesla.com (screenshot)

Во Западна Европа има мрежа од вакви суперполначи, а во регионот најмногу има во Хрватска, по должината на јадранскиот брег.

Во останатите земји од Југоисточна Европа има или ќе има многу помалку такви станици. Така, во Босна и Херцеговина ќе има само една, во Сараево; во Србија ќе има три, во Белград, во Пожега и во Јаловик Извор; во Бугарија ќе има во Пловдив, а во Грција ќе има во Солун, во Јанина, во Ламија, во Атина и во Спарта. Во Црна Гора, Албанија и во Косово не е предвидена изградба на суперполначи.

Освен суперполначи, „Тесла“ има и мрежа на поединечни уреди (Destination Charging), кои се поставуваат на приватни површини. Во Македонија нема такви, а нема ни најава за поставување. Од земјите во регионот, во Србија има еден, во Босна и Херцеговина три и повеќе во Хрватска, повторно претежно покрај крајбрежјето.

Засега компанијата не планира да гради салони за продажба или сервисни центри во некоја од земјите во регионот.

Тука можете да ја видите целата мапа со сите изградени и неизградени објекти на „Тесла“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот