X
 29.03.2021 Живот

Оваа мала подвижна куќичка ви нуди спонтано бегство во природата

Поради пандемијата, многумина од нас станаа креативни кога станува збор за новите начини на патувања и бегство во природата.

Некои од нас се одлучуваат за оддалечени места во природа, и тоа најчесто е кампување. Но, овој нов дизајн на куќарка нуди сосема уникатно искуство. „Биви“ е модуларна и пренослива кабина што може да се закачи на вашиот автомобил или на избрана основа за трајно поставување.

1

2

Креаторите на „Биви“ го сочинуваат тим од патници и трагачи по авантури, а ја создадоа „Биви“ за и ние да имаме можност да бидеме патници како нив. Идејата им дошла откако забележале дека на пазарот има прилично неподвижни и скапи кабини. Земајќи ја подвижноста како главен извор на инспирација, секоја кабина „Биви“ може да се закачи и да се транспортира каде било.

Кабината е доволно широка и обезбедува доволно простор за кревет, а внатрешноста е направена од борово дрво или иверица. Креветот може да се постави веднаш под прозорецот, така што гостите можат да спијат и да бидат блиску до природата.

3

4

kuka

Како што велат дизајнерите, куќата е изградена од високоодржливи материјали, користејќи еколошки практики за градење.

Извор: Yankodesign.com
Фото: Bivvi Cabin
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот